Заев го повика Груевски да се врати дома

Премиерот Зоран Заев денес од Битола го повика Никола Груевски да се врати во Македонија, по неговата објава на Фејсбук во која посочи дека на моменти посакува да му помогне на сегашниот прв човек на владата.

– Да, ми треба помош. Го повикувам Груевски да се врати во државата да ми помогне. Човек може да помогне и кога ќе си ја одлежи казната затвор – изјави Заев.

Премиерот ја коментираше и средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и унгарскиот претседател Викотор Орбан. Тој рече дека тоа е „средба на лидери на политички партии од десницата која може да приденесе за зацврстување на македонско-унгарското пријателство“.

- Реклама -