Професорката Билјана Ванковска раскажува случај во кој човек од мешан македонско – хрватски брак своето македонско чувство го губи поради одбивање да стане Северен и молкот за тоа што им се случи на Македонците.
“Имам пријател кој е по мајка Македонец, а по татко Хрват. Живее во Македонија цел живот и беше/е ептен Македонец.
Пред извесно време ми вели: знаеш, до скоро кога ќе ме прашаа што сум (поради презимето најчесто) им кажував Македонец, но сега веќе се декларирам како Хрват и користам хрватски пасош.
Порано не помислував да одам во Грција на одмор, тоа ми беше како предавство и понижување, но сега веќе почнав да одам. Зошто? Затоа што се срамам од македонското потекло кога видов како млако реагираа Македонците на сето она што ни го направија. Срам ми е да кажам дека сум Македонец, а Северен не бидувам”, пишува трогнатата Ванковска која е свесна за неговата болка но и за изреката: “Ако вам је добро, онда ништа”!