За време на извршувањето на задачите што претходеа на изградбата на големиот саркофаг за покривање на оштетениот нуклеарен реактор, беше утврдено дека на неговиот покрив се расфрлани остатоци од графитни прачки и гориво. Овие радиоактивни материјали требаше да бидат уфрлени во она што некогаш беше јадрото на реакторот.
Операторите, кои беа наречени „биороботи“, во кратки временски интервали се менуваа на задачата за отстранување на радиоактивниот отпад, бидејќи ниеден од роботите што беа тестирани не го издржа силното зрачење. Над 3000 луѓе учествуваа во извршувањето на оваа смртоносна задача, менувајќи се во интервали со максимално траење до две минути.
Значењето на овие луѓе и нивната работа подоцна беа признаени од Владата на Советскиот Сојуз, која, како знак на благодарност за нивната жртва, ги одликуваше со медали.
Видео: