Данецот Петер Расмусен ќе биде главен делител на правдата на нашиот натпревар против Хрватска на 12. октомври на националната арена „Филип Втори“ во квалификациите за СП 2014 во Бразил.
37-годишниот Расмусен важи за судија кој во голема мера торелира машка игра, па може да се очекува дека сериозна борба ги очекува двете селекции во петок на нашиот најголем стадион.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска кој е од исклучително значење за нас, како на резултатски, така и на психолошки план, ќе започне во петок, од 20:30 часот.