Доволен ти е твојот дом, погледот кон зајдисонцето и личноста со која ќе разменуваш мисли.
Потребна ти е една драга личност која ќе те разбере во тој свет и личност која и ти ќе ја разбираш без многу зборови, во тишина и без многу гестови.
Како што старееш, повеќе немаш време некому да не значиш ништо, па веднаш се оддалечуваш од луѓето кои не те почитуваат, луѓе кои те искористуваат или луѓе кои те игнорираат.
Сфаќаш дека е добро да имаш пари, но најважно е да имаш мир и чиста совест.
Почннуваш да уживаш во оние мали работи во кои секогаш си можел да уживаш, но не си го правел тоа затоа што не си знаел како.
Како што старееш, почнуваш да живееш за моментите кои не можат да се опишат со зборови. Повеќе не се грижиш како изгледаш, како ќе се облечеш, како другите ќе те гледаат, а најважно ти е како се чувствуваш.
Го ослободуваш срцето од горчина, не ги памтиш лошите работи и не очекуваш премногу од луѓето.
Доволно ти е онолку колку што ти е потребно за живот. Сфаќаш дека среќата е во малите работи.
Како што старееш, животот станува поедноставен, не ги комплицираш работите и ги замолуваш комплицираните луѓе да те заобиколат.
Како што старееш, сфаќаш колку е скапоцен секој момент и одлучуваш да го правиш само она што те прави среќен и исполнет човек.
Повеќе не се грижиш за тоа што ќе кажат другите и како ќе те гледаат.
Сега уживаш во сознанието дека твојот живот е само твој и дека ти ги одредуваш правилата во него.