На социјалната мрежа Твитер излезе видео снимено во Охрид каде може да се види мало еленче како се разладува во водите на езерото.
Мало еленче кое најверојатно се спуштило од планината Галичица, плива во водите на Охридско Езеро кај Свети Наум.
Инаку неодамна во националниот парк Галичица почна изградбата на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и шест мажјаци) и ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.
Хајлајт на денот: еленчево што си плива кај Свети Наум ❤ pic.twitter.com/fG330RQsHq
— fall from grace (@tindomiell) July 28, 2019