Култниот роман на Џорџ Орвел – „1984“ наскоро ќе го прослави 70. роденден, а оваа приказна за дистопиското општество стана референција за сите што сакаат да укажат на проблемите во модерното општество, во кое сè се следи, а слободата на говорот е ограничена.
Романот застрашувачки прецизно предвидел многу проблеми на денешното општество.
1984: Државата одлучува за тоа што е прифатлив начин на комуникација, за да одржува ред.
2019: Мал број приватни компании во Силициумската долина имаат апсолутна моќ над она што смееме да го видиме и кажеме во онлајн-комуникацијата.
1984: Повеќето граѓани им припаѓаат на мал број држави.
2019: Постојат само неколку големи компании во чие сопствеништво се наоѓаат социјалните мрежи кои ги користат сите „жители“ на интернетот.
1984: Државата води надзор и ограничување на слободата на говорот.
2019: Големите компании вработуваат војска на модератори кои со помош на алгоритмите ги надгледуваат корисниците, ги означуваат оние што ги кршат правилата и ги бришат нивните изјави. Оние што често ги кршат правилата едноставно исчезнуваат од социјалните мрежи, а за сето тоа одлучуваат истите тие компании чии одлуки не се доведуваат во прашање, а корисниците немаат право да се жалат.
1984: Извршителите на тешки „мисловни злосторства“ или оние што имаат историја на извршување мисловни злосторства се прогонети и им се брише секаква трага.
2019: Компаниите во чија сопственост се социјалните мрежи можат во секој момент да избришат кого било од која било причина.
1984: Владата постојано ја пишува и ја брише историјата што не ѝ е по волја.
Целата статија на Факултети.мк