Дефинитивно не прифаќам одложување на пописот за во 2021 година, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за најавените средби со опозицијата неделава на кои ќе се разговара за Законот за попис.
Тој нагласи дека и кај нас ќе се применуваат, како и секаде во светот, стандардите на ЕВРОСТАТ.
– Домаќинство кое влегува во попис е секое што живее тука или се отселило од државта не подолго од една година. Секој што повеќе од една година е надвор од државата се попишува, но не влегува во домаќинства, а ќе биде попишан како дијаспора, како семејство или граѓанин кој живее надвор од државата, појасни Заев.
Додаде дека во последните две години ги добиваат податоците од МВР и се знае во секој момент кој граѓанин е повеќе од две години надвор од државата.
– Јасни се работите, само треба да се седне и да се даде позитивен пас затоа што предпописот како пилот проект помина успешно. Сега се очекува самиот закон да помине во Собранието за да може да се набават компјутерите. Теренското попишување ќе биде од 1 април до 30 април следната година, изјави премиерот Заев.
Посочи дека од она што го знае како информација од директорот на Државниот завод за статистика, нема суштествени забелешки од опозицијата.
– Дефинитивно ќе има попис идната година. Ако се одржеше попис во 2011 година можеби и ќе имаше основа пописот да се одложи за 2021 година, но не се одржа. Нема одложување на пописот, рече Заев.
Пописот ќе започне на први април 2020 ќе трае три недели и ќе се спроведува електронски ова се првичните најавите за попоисот на населението кој се планира да се спорведе по цели 18 години од последниот во 2002 година. Порценките се дека пребројувањето ке чини 8 ипол милиони евра Директорот на заводот за статистика најавува нов комбиниран метод што значи дека ке има и пошиување на терен лице во лице но и со користење на податоци од регистрите за дел од прашањата.