Порталот СакамДаКажам дознава дека новата зграда на Народна банка на улицата Филип Втори ќе има барокна фасада со купола на врвот и антички столбови на влезот какви што имаат сите згради од проектот „Скопје 2014“.
Зградата ќе има осум ката. Според сегашната ситуација на терен на врвот ќе има купола, а на влезот антички столбови, какви што имаат сите згради од проектот „Скопје 2014“. Од Народна банка велат дека нема измени во изгледот на фасадата за зградата, што значи ќе биде во барок стил.
„Изгледот на фасадата на новиот објект на Народната банка е утврден со проектот одобрен од надлежните институции, односно проектот за кој во 2015 година е добиено одобрението за градење. Надзорниот орган континуирано ја следи динамиката на изведување на работите од изведувачот. Во овој момент сѐ уште не може прецизно да се предвиди точниот датум на кој објектот ќе биде пуштен во употреба, имајќи ја предвид комплексноста на процесот на градење објект за централна банка, како и на негово опремување“, велат од Народна банка.
Изградбата на барокната зграда на Народна банка ќе чини 23 милиони евра. Градежните работи ги изведува ГП „Бетон“, а автори на идејното решение за изгледот на зградата се Никола Стакинов и Лазар Димов. Тие се автори и на идејните решенија за барокни фасади на Министерството за правда, „Пелагонија“ и новата зграда на АД ЕСМ.