„ДВ“: Расте иселувањето на Македонците во Германија

Бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува, пренесува „Дојче Веле“, повикувајќи се на податоци од германското Биро за статистика.

Според податоците, во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.

Во однос на претходната, 2017 година, нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти. Споредувајќи ги податоците, може да се забележи дека рекордната 2015 година, кога беа забележани преку 24.000 заминувања од државава, од кои 12.000 не се вратија, сѐ уште не е достигната, но бројот на наши државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува.

Како што пренесува „Дојче Веле“, германската статистика покажува дека растот на бројот на доселеници од Македонија започнува во 2011 година. Тогаш во земјата пристигнале 5.679 имигранти, но останале само 495. Веќе следната, 2012 година, се бележи драстичен пораст. Од нешто над 11 илјади имигранти, во Германија останале нешто помалку од половината, односно- 5.351. Растечкиот тренд продолжил и во следните години.

Извор: Дојче Веле

- Реклама -