Во првата половина од денот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 31, Маврово 22, Охрид 26, Битола 29, Кавадарци 33, Крива Паланка и Берово 27, Дојран 35 Целзиусови степени.
За утре прогнозата е сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 32, Маврово 24, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 28, Берово 27, Кавадарци 34, Дојран 36 степени.