Моќта и чудата на Лесновскиот манастир (ВИДЕО)

Бог постои и прави чуда, а за тоа говори и настанот што се случи пред неколку години на првиот ден Велигден во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“. Имено, едно 13 годишно девојче од Кочани, со помош на промислата Божја и по молитвите на отец Гаврил Светогорец, чудесно се излекувало од тешка болест и состојба во која што се наоѓало.

Како што кажуваат неговите родители, се започнало кога при крајот на летото, една година претходно, Лора го изгубила апетитот. Нејзината состојба брзо се влошувала и девојчето почнало да добива силни болки и воспаление во зглобовите на прстите на левото стапало, при што три прсти се искривиле. Докторите не можеле да воспостават дијагноза, иако болките не престанувале. Тие ја лекувале од реума и артитис, но немало резултати.

По сите направени испитувања и магнетни резонанци на мозокот резултатите беа одлични а состојбата на Лора се влошувала. „На хартија имавме здраво дете, а всушност Лора беше во многу тешка здравствена состојба со несвестици, напади, вртоглавици, искривени прсти на нозете“, изјави за телевизија Канал 8 пред неколку години Олга Минова, мајката на Лора.

Откако се нашле во ваквата очајна ситуација, решиле да побараат помош и од хомеопатска медицина. Но ни тоа дало плод, а неподносливите болки на Лора, нападите, вртоглавицата, замагленоста, не престанувале. Тие повторно заминале во болница, а за празникот Велигден ги пуштиле дома.

Се договориле после празникот да се вратат повторно во болницата.

Тие со години наназад го посетувале манастирот „Свети Гаврил Лесновски“, па решиле таму да отидат за празникот. Во разговор со Игуменот на Лесновскиот манастир, отец Дамаскин, тој им дал утеха на родителите говорејќи дека проблемот и болеста на Лора се од духовна природа. Отишле со него во манастирот и тој ѝ прочитал молитва и ја помазал со масло од кандилото на гробот на епископот Гаврил Светогорец.

„Отецот нè охрабруваше да не се плашиме, укажувајќи ни дека проблемот и болеста на Лора се од сосема друга, духовна природа. Ни рече да отидеме со него во манастирот. Таму тој ѝ прочита молитва и ја помаза со масло од кандилото на гробот на епископот Гаврил Светогорец. Додека траеше молитвата очекувавме дека ќе се онесвести, бидејќи со месеци наназад не издржала толку време да не добие напад. Но, тоа не се случи.

- Реклама -