„Телма“: Битолски бизнисмен платил 750.000 евра на скопјанка од хуманитарната организација на Боки 13

Бизнисмен од Битола уплатил 750.000 евра на сметка на постара скопјанка која е дел од хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“, која Бојан Јовановски алијас Боки 13 ја основал неколку месеци пред исплатата, објави „Телма“. Парите, наводно, биле исплатени поради идеја за социјални станови.

„Телма“ исплатата ја поврзува со случајот „Рекет“, а според повеќе институции задолжени за откривање на криминал, од каде ги потврдуваат овие информации, првата сомнителна трансакција се случила есента во 2017-та. Трансакцијата не била сомнителна само поради високата сума, туку и поради самите учесници во истата. Прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -