Путин нурна „на дното на океанот“ за да оддаде почит на екипаж на подморница од Втората светска војна (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин вчера влезе во батискаф и нурна кон морското дно на длабочина од 50 за одблизу да ја набљудува, но и да оддаде почит на 40-члениот екипаж на советската подморница Сајомга (ShCh-308 Syomga, на фотографијата), која мистериозно исчезнала во Балтичкото море за време на борбите со нацистите во Втората светска војна.

Подморницата е откриена лани, благодарение на темелната потрага. Тргнала на мисија во 1942 година, во екот на Втората светска војна. Откако успешно торпедирала три нацистички транспортни бродови, преку радиото јавила во базата дека е оштетена и дека се враќа кон базата во близина на Санкт Петербург. Сајомга не стигна до својата дестинација, а нејзината судбина беше непозната сè до лани, кога остатоците беа откриени во близина на остров во Финскиот залив, во руските територијални води. Се покажа дека подморницата, заедно со целиот свој екипаж, била уништена од подводна мина.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Путин, придружуван од група искусни нуркачи, нурна со мини-подморницата C-Explorer 3.11 до остатоците од Сајомба, при што беа поставени меморијални плочи со имињата на 40-те морнари на остатоците од нејзиниот труп.

Путин го опиша искуството како „возбудливо“, истакнувајќи дека не му е првпат (и самиот нурка, а во 2015-та со мини-подморница нурна и до 80 метри во Црното море), но дека историскиот аспект го направил ова посебно фасцинантно. Тој додаде дека подводните патувања, исто како и кога лета со различни летала, му овозможуваат на своја кожа да го почувствува она што го чувствуваат Русите од другите професии кога работат во различни средини:„Верувам дека морам да ги посетам местата каде што работат нашите специјалисти, и да видам како тие тоа го прават – за подобро да разберам што е тоа што ги тера многумина од нив да изберат таков животен пат“, рече Путин.

- Реклама -