Големо откритие на француските палеонтолози. При ископувања во северозападниот дел на Франција, откриена е бедрена коска на диносаурус, пренесува Ројтерс. Во регионот на Франција во последниве години се најдени мноштво коски од најголемите животни кои некогаш оделе по планетава, пред милиони и милиони години.
Најдената коска е со димензии од 2 метра и му припаѓа на диносаурус од видот сауропод – тревопасни диносауруси со долг врат и опашка, кои живееле во периодот на доцен мезозоик, пред околу 140 милиони години.
Научниците биле воодушевени и од зачуваноста на најдената коска.
Бројот на откритија на фосили од диносауруси постојано се зголемува. Како што објаснува палеонтологот Ронан Ален, само од 2010-та наваму, неговите колеги имаат најдено над 7.000 фосили на повеќе од 40 видови диносауруси.