T2-Thermite – малиот робот пожарникар (видео)

Понекогаш одреден пожар може да биде преопасен за пожарникарите. Без оглед дали постои опасност од експлозија, рушење на градба или има присуство на опасни хемикалии, пожарникарите се ранливи.

За ваквите ситуации, кога условите се преризични за луѓе, Howe and Howe го создале овој роботски тенк-пожарникар познат како T2-Thermite. Со висина од речиси 168 и должина од речиси 183 сантиметри и тежина од 740 килограми е во основа подвижен противпожарен апарат кој може да влечи 453,5 килограми.

{youtube}Gf6-VZU-cVg{/youtube}

Челичното возило има гасеници за да може да се движи по секаква површина. Покрај тоа Thermite може да исфрли 2271 литар вода во минута и може да биде контролиран од до 400 метри одалеченост. За што точно ќе биде употребуван овој робот?

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги

Примарната употреба би била гаснење на пожар во возила каде што постои ризик од експлозија или пак во случај на железнички несреќи. Дополнително роботот би бил одличен за противпожарна заштите во фабрики кои работат со хемикалии. Но, со неговата цена од 96.000 долари T2-Thermite не е баш евтин, но не е ништо споредено со цената на животот на пожарникар.

- Реклама -