Локалните жители и искусните ловци во јужното филипинско градче Бунаван, по тринеделна потера, најпосле успеале жив да уловат крокодил што живее во солена вода тежок еден тон и долг 6,4 метри.
Градоначалникот на ова градче во провинцијата Агусан дел Сур, Едвин Кокс Елорде, за медиумите изјавил дека планираат ова исклучително големо животно да го направат главна атракција во планираниот парк за еко туризам. Тој потврдил дека крокодилот е еден од најголемите што биле уловени во последниве години во целиот свет.
Овој крокодил, непосредно пред да биде уловен, изел бизон, а Филипинците се сомневаат дека е одговорен и за исчезнувањето на еден рибар во јули. Ловот траел толку долго бидејќи откако бил забележан, крокодилот едноставно ги уништувал стапиците што му биле поставувани. На крајот, кога го извадиле, сите биле зачудени од глетката пред нив – ѕвер кој тежел 1075 килограми. [Giant crocodile captured alive in Philippines]