Заев: Што не го предложите Груевски за јавен обвинител

По предлогот на Христијан Мицкоски дека Владимир Панчевски би можел да ја замени Катица Јанева, премиерот Зоран Заев рече дека да може опозицијата би го предложила и Никола Груевски на местото на специјалната јавна обвинителка.

„Значи сите ја знаеме историјата на Владимир Панчевски и неговата работа и злоупотребите со АКМИС системот. Јас мислам дека опозицијата да може, ќе го предложи и Никола Груевски за јавен обвинител”, кратко рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го предложи поранешниот судија Владимир Панчевски како замена за Катица Јанева која поднесе оставка.

- Реклама -