Неодамна престижниот британски весник Wаnderlust travel ја смести Македонија на првото место во категоријата „Топ нови дестинации“ што треба да се посетат, а потврдата за убавините на нашата земја доаѓа и од големиот број туристи што веќе имаат посетено.
Видеово е малце старо, го имавме постирано и пред некој месец, па зошто да не и повторно, вреди.
Mateusz Kanownik е студент по кинематографија кој има 20 години. Toj неодамна со своето друштво бил во посета на Македонија.
Вели дека уживал во незаборавните моменти во Скопје и Охрид, а од доживувањата во нашата земја произлегло ова видео.
Доста муабет, погледнете ги овие феноменални три минути: