Новинарот на Канал 5 Гоце Михајловски пред полноќ во МВР пријавил закани за личната безбедност од страна на Саше Ивановски Политико.
Михајловски вели дека од видеото снимено од систем за видео надзор ќе покаже дали навистина го нападнал Саше Политико, како што тврди новинарот близок на власта.
“Заканите по сигурноста и говорот на омраза ги пријавив во полиција. Го пријавив и лажното обвинување дека сум го нападнал, со видео доказ од безбедносните камери. Јас не знам што треба да се случи за некој во државава да стави крај на лажните вести, омразата и потикнувањето насилство…”, пишува Михајловски.
Предходно Ивановски го обвини Михајловски дека го нападнал од зад грб додека шетал со своето дете и кучето.
Инцидентот се случува два дена откако Михајловски му порача на новинарот на 1ТВ Борјан Јовановски дека е дел од злосторничко здружување на Боки 13, квалификација која предходно Јовановски ја употреби за Михајловски при распадот на Нова ТВ.