Во Делчево бесплатно ќе се склучува брак

Граѓаните на Делчево со последната одлука на Советот ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ.

Согласно одлуката за користење на просторијата за склучување граѓански брак, нема да се плаќа надоместок како досега.

Потребно е само да се достави барање до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот датум и час за склучување брак кој ќе се достави до Матичната служба во Делчево.

За потребите на новата сала за венчавање, Општина Делчево има набавено нов инвентар, како декоративна маса и столици, со цел да се збогати свечениот амбинет при склучување граѓански брак во Делчево, соопштуваат од општината.

- Реклама -