Повеќето гени децата ги добиваат од бабите од мајчинската страна

Бабите од мајчинската страна се уникатни за внуците, бидејќи имаат посебна врска со нив. Покрај тоа што имаат голема улога во воспитувањето и советите, најново истражување покажа дека тие се значајни и од аспект на гените.

Алехандро Јодоровски, есеист од Чиле, ја напиша книгата „Метагеналогија: Откривање на самиот себеси преку психомагијата и семејното дрво“, во кое го објаснува генетското влијание на бабите од мајчинска страна, врз нивните внуци, затоа што овие гени одминуваат одредени генерации и директно се пренесуваат на внуците.

Според Алехандро, гените што бебињата ги добиваат додека сè уште се во утробата на мајката, се всушност гените од бабите. Покрај дедовците и роднините, бабите се тие кои во најголем дел, односно најмногу се одговори за генетското наследство.

Гените не се пренесуваат директно на следната генерација, и може да прескокнат една генерација. Затоа постои можност некои деца да личат како нивните тетки, чичковци и дедови повеќе отколку како нивните родители.

Можеби децата не изгледаат исто како нивните баби, но секогаш постои нешто на нив: бенка, насмевка, боја на очите, начинот на движење и одење. Исто така, понекогаш ја наследуваат коскената структура, мускулите, па дури и генските болести.

Во просек, споделуваме 25 отсто од нашата ДНК со нашите баби и дедовци. Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ објавија истражување за врската помеѓу бабата по мајка и нејзините внуци. Според ова истражување, оваа врска се случува поради Х-хромозомот: бабите по мајка им пренесуваат 25 отсто од нивните Х-хромозоми на сите внуци, што им овозможува да ги наследат нејзините гени.

Бабите по татко пренесуваат Х-хромозоми само на нивните внуки, но не и на внуците. Така, додека бабите по татко имаат 50 отсто Х-поврзаност со нивните внуки, тие имаат 0 отсто поврзаност со нивните внуци.

Тоа не значи дека внуците не се блиски со бабата и дедото по татко. Најважно е да се запамети дека треба да се одржува чест контакт и општо присуство во животот на детето. Ова ќе ги подобри основните врски неопходни за градење силно пријателско семејство, без оглед на гените или родот.

Според Алехандро, децата исто така ги наследуваат емоционалните искуства од бабите по мајка. Емоциите што бабата ги чувствувала кога била трудна со нејзината ќерка може да бидат пренесени на нејзините идни внуци, бидејќи информациите може да бидат „снимени“ во ДНК и таму да останат дури и ако прескокнат една генерација.

- Реклама -