Героски споделува: Жаки признал дека бил изрекетиран од Коки, пари лапнал и Раки

Неполн половина час откако новинарот Бранко Героски ја објави денешната колумна во која соопшти дека завршил со Кики и Фрики, а во која исто така ја адресираше и хајката што, според него, се води деновиве против него, а во која се вклучени и „новинари“ кои тврдат дека поседуваат снимка на која Орце Камчев наводно му дава 25.000 евра во кеш, Героски сподели нова информација околу случајот „Рекет“, која ја добил, како што вели, од „едно врапче“.

Како што пишува Героски на Фејсбук, врапчето му шепнало дека „Жаки“ – псевдоним зад кој се крие важно лице во телекомуникацискиот бизнис, исто така признал дека бил изрекетиран од лицето кое Героски во своите колумни го именуваше како „Коки“. Според признанието на Жаки, дадено „таму каде што треба“, од рекетот се офајдил и „Раки“ – важен човек од власта, во чиј џеб завршила четвртина од сумата.

- Реклама -