Зошто нема ПИ мерки за Русковска кога преку спикерфон била сведок за рекетот на Боки?

Зошто јавната обвинителка Вилма Русковска и дала цели два месеци на Катица Јанева да уништува докази, да го загуби телефонот и да влијае на сведоци, без да следи што таа прави, е едно од прашањата кои што поради страв засега само во кулоарите ги поставуваат научната и академската фела.

Ако Русковска знаела дека Јанева преку спикерфон била сведок на рекетот од Боки 13 за Орце Камчев зошто и таа не била ставена под ПИ мерки како што било случај со двајцата уапсени, за да се расчисти нејзината улога, е второто прашање кое јавно го поставуваат само ретки адвокати и професори.

“Гледаме ефтин театар во изведба на Вилма Рускоска, која на 2ри мај отворила постапка со ПИ мерки против Боки и Кическиот [следење на телефони], за по 2 месеци и го одземе телефонот на Катица за вештачење.. Па што не ја стави мори на МЕРКИ и Катица да обезбедиш докази за неа”, е прашањето кое на социјалните мрежи и се поставува од анонимни профили кои имаат квалитетни информации за случајот рекет.

Рускоска засега не одговара на овие прашања.

- Реклама -