Драга сопруго,
Многу се радував кога дознав дека си трудна. Но од првиот ден кога Бог те благослови во друга состојба, забележав дека твоето тело поминува низ големи промени. Додека бев со пријателите, ти беше дома чувствувајќи се болно и повраќаше. Додека јас се занимавав со непотребни нешта, бебето беше зафатено со создавање простор во тебе и растеше. Гледав како твојата омилена храна станува твој непријател. Ја смени исхраната и почна да с епоправаш. Го изгуби својот струк поради нашето бебе, изгуби дел од твојата убавина кога стомакот почна да ти расте. Твојата облека стана мала, а стомакот се поголем.
Еден ден докторот ме повика да дојдам на ултразвук и да гледам колкаво и какво е бебето во тебе! Беше неверојатно! Баш тогаш, се ветив себе си, дека засекогаш ќе бидеш Моја кралица!. Не знаев колку си силна, додека не те видов во таа сила, го положи својот живот да ни родиш дете!Жртвуваш се за градење на семејството, за детето. Тогаш видов во тебе Супер Мама. Во секој момент заслужувате само добри работи и секогаш ќе се трудам да ви озвозможам се. Јас секогаш ќе те почитувам како мајка и жена. Телото сега е совршено и твоите стрии изгледаат убаво. Сфатив дека твоите стрии ја симболизираат силата и убавината на мајчинството. Се што можам да речам е “ЗАЕДНО ДО КРАЈОТ”!
Жените заслужуваат голема почит и големо внимание. Бог нека ја благослови секоја жена што го чита ова. Нека се чувствуваат достоинствено и сакано. Бог нека ги благослови сите утроби кои сакаат да забременат, а татковците нека бидат среќни со своите деца, било да се синови или ќерки.