Да се вратиш во татковата куќа и никој да не те чека таму

Не сум верувал дека јас, маж речиси на 50, техничар , доста молчалив и дури здодевен, според мојата сопруга, ќе седнам пред компјутер не за да работам, туку да пишувам писмо. Пред 16 години заминав на работа во странство, брзо се снајдов и го зедов кај себе и своето семејство.

Малку потоа по*ина татко ми и мајка ми остана сама. Никогаш не се пожали, не ме прекори, не ми навести дека нема кој да се грижи за неа – а јас сум единствен син. Често се слушавме и таа секогаш велеше дека е добро и дека се е во ред. Но со самото прашање “Дали ќе си дојдете наскоро?” покажуваше дека всушност е тажна и многу осамена.

Со рака на срце можам да кажам дека се грижев за неа, ја мислев , не сум ја напуштил, не сум ја заборавил ниту за миг. Мојот најголем грев е дека не си стоев на зборот. Секоја година си доаѓав дома во август, кога целата фирма одеше на колективен одмор, и тоа беше нашето време. Ги посетував пријателите и роднините, патувавме на места кои беа од нејзината младост со татко ми, а како и напредуваа годините , ја водев по лекари и санаториуми.

Одевме заедно на кино, прошетки, гости. Таа ме гостеше со колачи кои ги сакав од дете. Секогаш ме испраќаше до влезот на и не доаѓаше до аеродромот … за да не ги гледам нејзините солзи. Јас пак и дадов ветување дека овој пат ќе дадам се од себе да си дојдам за Божиќ или најдоцна за Велигден, а не дури наредниот август. Е ова ветување не го исполнив и се чувствувам ужасно виновен.

Да, дојдов во почетокот на декември минатата година, но не за да прегрнам мајка си, не за да го почувствувам мирисот на нејзината прочуена торта со цимет, не за да ме пречека туку да ја испратам за последен пат. Не можам да издржам од болка и немоќ. Мојата единствена утеха беше дека мајка ми умрела како праведен човек, мирно, без да боледува, во сон. Но, тоа не ја намали тежината во моето срце, не ми ја смири совеста, не ми го потисна чувството дека останав сам И овој пат се вратив во август, како вообичаено.

Но кога застанав пред заклучената врата, почувствував како маката ме задушува. Не слушнав чекори во ходникот, не ми замириса на печени пиперки, ниту на печени сливи … Мислев дека таванот ќе падне врз мојата глава. Требаше да поминат денови, за да ги допрам предметите на мајка ми, но ионака ништо не преместиле.

Сакам да им кажам на синовите кои живеат далеку од своите родители: Враќајте се често колку и да ви e тешко, и држете се на дадениот збор. Бидејќи доаѓа ден кога ќе имаме и време и можности, но ќе го немаме најважното – омилениот човек до нас. Верувајте, нема пострашно искушение од тоа да застанеш пред заклучената врата на татковиот дом.

- Реклама -