Имам 25 години и по професија сум дипломиран економист. Одлично зборувам македонски и можам гордо да кажам дека завршив финансиски менаџмент на државниот факултет во Скопје, а не во Мала Речици. Јас сум интелектуалец кој што сака да работи и да има кариера во оваа земја исто како сите други Македонци, вели на почетокот на разговорот.
Не е ми важно дали ќе работам во банка каде што ќе се говори албански или македонски, мене ми е најважно да земам редовна плата затоа што многу години сум се посветил на образование. Имам инвестирано многу пари во моето образование и верувајте воопшто не ми е важно дали ќе работам во Чаир или во Центар.
„Имам многу другари и пријатели македонци или подобро кажано имав. Сега веќе не. Политичките случувања во државава ми ги нарушија односите со сите пријатели македонци. Што ќе ми т.н. албанска платформа? Таа нема да ми даде ниту леб, ниту плата, а нема ниту да ми ги замени пријателите – македонци. Во државата во која живеев мене не ми е премиер некој си албански политичар па тој да создава документи во кој што ќе ја креира мојата иднина. Не, фала му. Мене таква иднина не ми треба“, емотивно додава тој.
Тој потенцира дека неговата земја е Република Македонија и како сите други македонци и жители на оваа земја сака тоа да остане така.
„За време на студиите преку студентски размени шетав насекаде. Секаде гордо кажував дека сум Македонец од Република Македонија и храбро ги бранев ставовите и политиката на мојата земја. Ги убедував дека македонците се добар народ кој заслужува нови шанси и интеграција во Европската унија. Знам дека се чудите и мислете дека ве лажам, но веувајте јас не се чувствувам како албанец во Македонија, туку јас сум човек што единствено има поинаква вероипсевест од другите граѓани и затоа повторно кажувам, јас сум граѓанин на Република Македонија. Имам пријатели од Србија, Косово, Бугарија. И како да им објаснам сега на тие од Србија дека мојата земја сака да ги обвини за некој си наводен геноцид кој што се случил и со тоа да ја смениме историјата на нашата и нивната држава? – се запрашува тој.
„Згрозен сум од тоа што го гледам и слушам во парламент. На младите и образувани албанци им треба иднина во Македонија, им треба интеграција и плата. Интонирањето на албанската химна во Македонија нема да го реши социјалниот проблем на албанците во Македонија. Исто и раскрваните глави. Напротив, уште повеќе ќе го продлабочи јазот помеѓу мене и моите пријатели македонци…ако сеуште има некоја доверба помеѓу „нас“ и „вас““
Жал ми е драги политичари албанци. Но, јас морам да ви кажам дека немам веќе да чекам вие да се натпрварувате кој е поголем националист и кој повеќе ја сака земјата во која што ниту живее, ниту е роден, а можеби никогаш не ја посетил. Јас никогаш не сум бил во Албанија, но сега заминувам во Европа. Таму каде што ќе го ценат моето знаење и ќе имам нормални услови за живеење.
А, вие и понатаму продолжете да ја упропастувате Македонија на ваков начин. Каде и да одам ќе кажувам за овој срам и за вашата неодговорност кон сопствената земја и ќе помогнат на секој мој пријател кој засекогаш сака да ја напушти оваа земја.
Вие засекогаш ми ја земавте мојата младост. Нека ви служи на чест.