Луксуз во Шутка? Во „хашката соба“ на Боки 13 во моментов е околу 40 степени

Иако навистина се подобри од останатите делови на затворот „Скопје“, познат како Шутка, реалната слика во „хашките соби“ не соодветствува со претставата што ја има во јавноста – дека се работи за некаква поголема комоција на затворениците, вели директорот на затворот – Есад Рахиќ, во интервју за МИА, дадено откако беше објавена информацијата дека Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во случајот „Рекет“, е сместен во хашкото одделение.

Според Рахиќ, кога Боки 13 пристигнал во затворот (на 16 јули околу 1:30 часот по полноќ), на хашкото одделение имало три слободни соби. Одлуката за „посебниот третман“ на Боки 13, односно тој да биде сместен во една од нив, била донесена од затворската управа, базирана на проценка на безбедносните причини и профилот на личноста.

За „луксузот“ што таму го ужива Јовановски, Рахиќ вели:

„Собите се руинирани и потребна е реконструкција… Кога надвор температурата е 30 степени, во ‘хашките соби’ може да достигне до 40 степени, поради тоа што немаат добра изолација“. (ПОВЕЌЕ на МИА).

Во моментов (околу 16:30 часот), според некои од најпопуларните сервиси за временска прогноза, температурата во Скопје е 29 степени.

- Реклама -