При вчерашниот претрес на просториите на 1ТВ, за чиј сопственик одамна се претставува Бојан Јовановски алијас Боки 13, биле пронајдени компромитирачки материјали за десетина македонски бизнисмени и фирми, меѓу кои Зоран Азманов, Фијат Цаноски, Тинекс, НОЕЛ и други, тврди (засега единствен) про-опозицискиот портал „Магазин.мк“, повикувајќи се на свои извори блиски до обвинителството. Веста ја пренесуваат и други портали сметани за блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Според „Магазин.мк“, се претпоставува дека најдените материјали се копии од прислушкуваните материјали кои ги поседува само СЈО, а истите биле обработени и селектирани и подготвени за изнуда на рекет од бизнисмените.
Порталот пишува дека во истрагата придонела и една европска агенција за борба против криминал, корупција и перење на пари. Пишува и дека се води истрага и за двајца пратеници за кои има индиции дека биле дел од групата која изнудувала рекет. Засега сите овие информации остануваат непотврдени. Повеќе детали прочитајте на порталот на следниов ЛИНК.