Бојан Јовановски познат на јавноста како Боки 13 доцна вечерва околу полноќ заработи 30-дневен притвор од судија на претходна постапка, како осоминчен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јавува порталот А1он.
Претходно и второосомничениот во истиот предмет Зоран Милески Кичеец доби 30 дена притвор, додека полицијата врши претреси во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева и просториите на „1ТВ“ каде менаџер е токму Јовановски.