Вилма Рускоска побара од Кривичниот суд да изрече мерка притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Рускоска истакна дека доставено е детално образложение за определување на притворот.
Јовановски и Милевски се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари.
Бизнисменот Зоран Милевски, попладнево е уапсен и донесен на распит во Кривичниот суд.
Според шпекулациите во јавноста Милевски е второосомничен за делото „Примање награда за противзаконско влијание“ од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Милевски денеска е уапсен во еден од скопските ресторани.
Во случајот кој го води јавното обвинителство според она што се говори во јавноста прво осомничен е Јовановски. Тој пред неколку часа е уапсен и задржан на граничниот премин „Богородица“ и се очекува негово спроведување во Кривичниот суд.
Шефицата на одделот за гонење на организиранан криминал при Основното јавно обвинителство Вилма Рускоска на прес- конференција денеска најави дека за двајцата осомничени обвинителството ќе бара притвор.