СДСМ: Режимот на Груевски го урна угледот на земјава, мудрите политики на Заев ја направија светол пример

„Режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го урна меѓународниот углед, нè скара со демократскиот свет и создаде заробена држава, оддалечена од ЕУ и НАТО.

За само 2 години, благодарение на државничкото однесување, храбрите одлуки и мудри политики на Зоран Заев, земјава е светол пример, пријател со демократскиот свет“, велат од СДСМ.

Меѓународниот углед на Република Северна Македонија никогаш не бил подобар, констатираат од владејачката партија. Досега 20 земји го ратификуваа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, па со ова темпо државата до крајот на годината ќе биде рамноправна членка на најмоќниот воен и безбедносен сојуз, истакнуваат од СДСМ во партиското соопштение, кое воедно е и одговор на обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека токму премиерот Зоран Заев го урива достоинството и угледот на државата.

Прочитајте и:  Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се секогаш подготвени, вели Мицкоски

„Имаме најпозитивен Извештај од ЕК и чиста препорака, до крајот на годината очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ.

Фрустрираниот Мицкоски никако не може да се помири со успехот на Зоран Заев“, велат од СДСМ.

- Реклама -