Ветувањето на Владата е дека просечната плата ќе биде 500 евра, до крајот на мандатот, а за да тоа се достигне потребно е да просечните плати се покачат за околу 70 евра. Владата има план како да се покачат платите и ќе се постигне ветениот резултат, кажа Вицепремиерот Анѓушев на вестите на Сител телевизија.
„Цената на електричната енергија е иста три години, просечните плати растат за колу 6%, цената на електричната енергија веќе три години е иста, а ЕСМ бележи акумилирана добивка од 40 милиони евра и ликвидни средств од 80 милиони евра. Граѓаните преку дневната евтина тарифа заштедија од 8 до 11 милиони евра овие две години, нашите граѓани плаќаат најниска цена на електрична енергија во цела Европа, нема ниту приближно таква цена ниту во соседството. Во овие две години 50.000 лица се вработија, што пкажува дека стандардот на граѓаните расте. Економските разултати во последните шест месеци се подобри од било кога претходно и во поглед на нивото на странски директни инвестиции, растот на БДП, рекордно ниска невработеност и највисока вработеност “ рече вицепремиерот Анѓушев.