Рецепт за домашни крофни: Воопшто не впиваат масло (Видео)

Кој може да одолее на мирисот на домашни крофни? Меки, вкусни и неодоливи, крофните се посакувани од секој љубител на слатките задоволства. Па, ако сакате да се наградите себеси и вашите најблиски со оваа слатка закуска, еве како да направите домашни крофни на едноставен начин.

СОСТОЈКИ:

650 гр брашно
30 гр квасец
1 лажичка шеќер
малку сол
200 мл млеко
3 жолчки
100 мл масло
кора од лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Квасецот потопете го во топло млеко, додајте шеќер и малку брашно. Во чинија или миксер ставете брашно, додајте квасец кој надошол, жолчки, млеко, масло, сол и кора од лимон и добор обработете го тестото. Оставете да нарасне околу 30 минути па развлечете го со сукало на 1 см дебелина.

Вадете крофни, но средината издлабете ја со мала чаша. Редете во намастен послужавник, покријте со кеса и оставете повторно да одмараат околу 15 минути.

Во длабоко тенџере ставете масло, и загрејте, ставете ги надојдените крофни, свртете и поклопете. Малку протресете го тенџерето. Пржете од двете страни.

Вадете ги крофните на впивачки салфети. Извалкајте ги во шеќер измешан со ванилин шеќер.
Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

- Реклама -