Симона Халеп, победничката на „Вимблдон“ има македонско потекло.

Симона Халеп (23), овогодинешната победничка на „Вимблдон“ е Влаинка по потекло од Македонија, пренесува романскиот спортски портал.

Тенисерката всушност има македонско влашки корени. Нејзините претци се доселени во Романија, поточно во Констанца од Македонија и негуваат силни македонски традиции.

Медиумите во Романија откриваат за потеклото на Халеп, кој била горда на своите корени и никогаш не се срамела да го покаже тоа.

„Тие се едни од најсилните Македонци. Тие се голема и почитувана заедница. Не бидејќи се богати, бидејќи ги негуваат македонските традиции и никогаш не скршнуваат од нив“, вели извор на романскиот „Спортњуз“.

„Таа ќе ги почитува само фамилијарните традиции и најверојатно ќе се омажи за Македонец.“ – вели изворот за „Спортњуз.ро“.

- Реклама -