Знамето на Вардар се вее низ Хрватска (Галерија)

Ракометарите на Вардар кои дојдоа до титулата во минатата сезона исто како и во 2017 година ќе минат неколку денови во заеднички одмор во Хрватска.

Повеќето од нив се веќе на Хвар каде што почна дружењето, а со тоа и финиширањето на одморот со оглед на тоа што наскоро стартуваат подготовките за новата сезона.

Од фотографиите кои беа објавени може да се види дека ракометарите уживаат и се одлично расположени, а на Хвар се повеќето од шампионите. Ќе ги нема Мораеш, Милосављев, Гедбан… но повеќето се таму и ова ќе биде последната шанса за шампионите да бидат заедно на едно место бидејќи неколкумина заминуваат во нови клубови.

- Реклама -