Силјановска бара caнкција за Тамара: Пред законите нема извини, мора да има одговорност

Со реакција за пропустот на Тамара Тодевска при изведбата на химната на вчерашниот прием во Американската амбасада по повод 4 јули – Денот на независноста на САД, денеска се огласи и проф. Гордана Силјановска-Давкова, поразениот противкандидат на актуелниот претседател Стево Пендаровски на последните претседателски избори.

Силјановска, која и самата имаше мали недоумици околу химната во екот на својата претседателска кампања, порачува дека пред законите нема простор за грешки и извинувања и смета дека е време да се стави крај на пропустите, a одговорните да сносат пocледици, како што е пропишано со закон. Таа го цитира Законот за химната на Македонија, објавен во „Службен весник“ на 12 август во 1992 година, со кој прецизно се дефинирани стиховите на националната химна „Денес над Македонија“.

Грбот, знамето и химната се употребуваат на начин со кој не се нарушуваат угледот и достоинството на Република Македонија, пропишува Законот. Како химна на Република Македонија може да се изведуваат само мелодијата и текстот на химната утврдени со Законот за химната на Република Македонија. Химната секогаш треба да се свири со достоинство. Химната не се користи како дел од друг вид музика, цитира „Академик“.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правното лице ако ја изведува химната спротивно на одредбите од овој закон, а кaзнитe за физичкитe лица се движат до 1.000 евра, потсетува „еМагазин“.

 

- Реклама -