Тимоние was not impressed: Францускиот амбасадор пречекан со холандско знаменце во Охрид

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вчера беше на посета кај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако овој инсистираше лично да го убедува амбасадорот дека во Струга се работи стриктно законски и нема ниту една дивоградба. Ден претходно, Тимоние сврати и во Охрид, каде што на средбата со претседателката на Советот на Општина Охрид – Живка Ангелоска, наместо со француско, бил пречекан со холандско знаменце. Фотографијава горе нека зборува…

Е сега, има две опции: Или некој го утнал протоколот зашто не ја знаел разликата меѓу француското и холандското знаме, или немале француско знаменце па некој паметен советувал: „Стај му бе холандско, кој ќе примети“. Ни едното ни другото не зборуваат добро за нашава земја.

Плус, од приложените фотографии од колегите од „Фокус“, јасно е кој ќе примети: сите, а пред сè Тимоние. Еве го на средба со Шекеринска, а потоа следува и фотографија од средба на македонски претставници со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп. Внимавајте на знамињата:

Утешно во целава работа е што кои и да се овие луѓе кои ги грешат знамињата, вклучително и при пречекот на австрискиот канцелар Себастијан Курц со латвиско знаме во Скопје, очигледно немаат посериозен проблем со боите, а само со формите и ориентацијата (хоризонтално vs. вертикално). Не сме експерти, но им препорачуваме да потренираат со онаа играта за помош во детскиот развој, кога треба фигурите со различни форми да ги протнат низ соодветните отвори. На ова мислиме:

 

 

- Реклама -