Димитров признава: Ако нема датум, значи не постои веќе ни европска перспектива

Земјава годинава ја собра и 10-тата препорака за почеток на преговори, но ако и таа не вроди со плод – отварање на поглавјата до декември, тогаш ќе мораме да признаеме дека не постои европска перспектива, порача министерот за надворешни работи – Никола Димитров, на панел дискусијата во Стокхолм во рамките на Министерската конференција за Западен Балкан.

„Ако треба да ја очекуваме и 11-тата препорака од ЕК следната година, нема да имам лице да зборувам пред мојот народ за европските перспективи на земјата. Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години“, рекол тој.

 

Според него, Северна Македонија испорачала, па сега мора и Европа да испорача. Во спротивно, вели тој, земјата ќе нема алтернатива освен да признае дека веќе не постои европски процес.

„Шансите за успех во октомври се здружени и немаме лукзус во денешна Европа да ја испуштиме можноста за консолидиран успех“, порача Димитров пред претставниците од земјите од Западен Балкан.

 

- Реклама -