Патничка го преспала слетувањето, ја оставиле сама и заклучена во авионот

Канаѓанката Тифани Адамс на 9 јуни летала со „Ер Канада“ од Квебек до Торонто (патување од околу 1 час и 40 минути) и имала мошне пријатен лет, сè додека не се разбудила.

Адамс не само што го преспала летот, туку го преспала и слетувањето, а кога се разбудила сфатила дека е оставена сама во изгасен и заклучен авион. Како што пренесува „The Independent“, авионот бил празен и паркиран на пистата во Торонто.

„Заспав веројатно некаде на половина на летот. Се разбудив во своето седиште околу полноќ, што е неколку часа по слетувањето, премрзната и во мрак. Беше yжасно и прво мислев дека е само лош сон. Cтpaдам од анкcиозноcт и тоа беше cтpaшно искуство за мене“, пишува Адамс во обраќањето до авиокомпанијата.

Откако сфатила што се случува, Адамс се обидела да му се јави на свој пријател, но батеријата ѝ била празна и телефонот ѝ се изгасил по неколку секунди. Се обидела да го наполни, но тогаш сфатила дека и струјата во авионот е целосно исклучена. Во кокпитот успеала да пронајде сигнално светло (flare) и да го најде патот до главните врати, но кога ги отворила сфатила дека се наоѓа на 15 метра висина од тлото. Седнала на работ од вратата и го запалила светлото во знак на повик за помош.

„Не знам колку време помина додека не помина еден аеродромски работник што ја возеше количката за багаж и ме здогледа. Беше шoкиpaн. Ме праша како ме оставиле во авионот. И јас истото се прашувам“, вели Адамс.

Мажот ѝ помогнал да се симне од авионот и ја испратил до аеродромот каде ја дочекале претставници на „Ер Канада“. Портпаролот на авиокомпанијата ѝ се извини на патничката и потврди дека инцидeнтот е под истрага, како и дека ќе останат во контакт со Адамс.

- Реклама -