На 30-ти мај, на јапонскиот остров Кјушу, се случи најнезамисливото и најcтpaшното што може да им се случи на Јапонци. Настана колапс во јапонската железница; Десетина возови застанаа или беа откажани, а околу 12.000 луѓе задоцнија на работа во земјата која е позната по ефикасноста и точноста, особено на железницата.
Викендов, меѓутоа, јапонската железница соопшти дека нема простор за загриженост – причината е откриена. Откако се прегледани сите инсталации, во електрична кутија во близина на шините е најден полжавот кој го предизвикал електричниот спој. Од железницата соопштуваат дека се работи за редок инцидeнт.