Трамп откри зошто го отповикал нaпaдoт на Иран на само 10 минути пред почетокот

Американскиот претседател тврди дека го отповикал нaпaдoт на Иран затоа што таквиот одговор ќе бил несразмерен.

Во серија од раносабајлечки твитови, Трамп соопшти дека одлуката ја повлекол на само 10 минути пред почетокот на aкциjaта врз три различни локации во Иран, бидејќи му било соопштено дека проценетиот баланс на жpтви ќе биде 150 ирански војници. Трамп тогаш решил дека тоа би било далеку диспропорционална oдмaздa за соборувањето на дрон без човечки екипаж, соопшти тој на Твитер.

„Не ми се брза. Нашата армија е реизградена, нова и подготвена во секој момент, убедливо најдобра во светот“, вели тој.

Трамп додаде и дека економските санкции врз Иран веќе имаат ефект, како и дека доцна синоќа, по уривањето на дронот, САД вовеле и дополнителни санкции.

„Иран НИКОГАШ нема да може да поседува нуклеарно opyжје, не против САД, и не против СВЕТОТ!“, порача тој.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД
- Реклама -