САД веќе најавиле „форсирано“ бoмбapдирање на Иран во Обединетите нации

Американската администрација ја разгледува идејата за бомбардирање на ирански објекти поврзани со нуклеарната програма, пишува „Ерусалим пост“, повикувајќи се на извори од Обединетите нации.

„Се работи за форсирано бомбapдирање кое ќе има една, конкретна цел“, ги цитира израелскиот весник зборовите на изворот.

Во дискусијата по ова прашање учествуваат високи воени функционери, претставници на Пентагон и советници на претседателот Доналд Трамп, наведува весникот. Одлуката била тема на разговори во Белата куќа и пред неодамнешната изјава на Иран околу зголемувањето на производството на ураниум. Претседателот Трамп, лично, не е посебно ентузијаст околу воено решавање на иранскиот проблем, но сепак може да попушти и да го послуша советот на државниот секретар на САД – Мајк Помпео, констатира весникот.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“

Претходно Иран соопшти дека во следниве 10 дена ќе го пробие ограничувањето на залихите на ураниум, одредено со нуклеарниот договор на Техеран со светските сили. Иран е дециден дека има потреба од збогатен ураниум до 20%, што е само чекор од нивото доволно за изработка на нуклеарно opyжје. Техеран останува на ставот дека ќе го зголеми нивото на збогатување на ураниум „врз основа на потребите на земјата“. Досега Иран веќе го зголеми производството на ниско-обогатен ураниум за четири пати.

- Реклама -