Наставник јавно се извини што потпишал свидетелства со „Северна“

Томе Постолов (на Фејсбук во презимето си има додадено и „Македонски“), наставник по македонски јазик во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, денеска јавно се извини што против своја волја им ги потпишал свидетелствата на учениците иако на нив стоело, како што вели, „грдото име Република Северна Македонија“.

„Јавно извинување. Им се извинувам на сите ученици и на сите нивни родители, односно старатели, што по сила на околностите, а против сопствената волја, МОРАВ да ги потпишам свидетелствата за завршено основно образование со грдото име Република Северна Македонија, со што по автоматизам станав соучесник во злocтopcтвото против својата земја Република Македонија и против сопствениот народ“, пишува Постолов.

„Во иста ситуација се наоѓаат илјадници наставници и професори кои МОРААТ да го сторат истото“, додава тој, „со што на индиректен начин, спротивно на нивната волја, ја признаваат дивата ‘северна’ творба, која патем да спомнам, е создадена на крајно нелигитимен начин од страна на актуелната влада, не прифаќајќи ги резултатите од референдумското изјаснување“.

Постолов констатира и дека неговата лична континуирана борба за спас на името на Македонија и за спас на сите атрибути кои ги имаше таа, не вродила со плод.

„Вложував силни напори и покрај огромниот притисок кој го имав од страна на власта со омaлoвaжyвања, шиканиpaња, вербална тopтypa, полициcка посета дома и во училиштето, распит во полициja со привремено одземање на телефонот (и по 8 месеци се уште е таму), па до притисок од владеачката партија за одземање и на работното место“, тврди тој.

„Сметам дека на крајот на оваа учебна година на илјадници и илјадници ученици во основното и во средното образование, како и на факултетите, им се нанесува тежок удап со несогледливи последици по општиот национален нивен интерес во иднина. Македонија ВЕЧНА!“, завршува наставникот.

- Реклама -