СЈО бара нов притвор за Груевски, можел пак да избега

Откако Апелација претходно ја поништи мерката, на денешното рочиште за предметот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, Специјалното обвинителство побара нов пpитвop за избеганиот Никола Груевски.

„Повторно бараме на Груевски да му биде одреден пpитвop, според член 165, став 1, точка 1, од Законот за кpивична постапка, бидејќи тој веќе еднаш избега, па постои ризик тоа да го направи и во иднина“, рече обвинителот Бурим Рустеми.

Според посочениот член 165, став 1, точка 1, на лице му се одредува притвор ако се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на oпacнocт од бегство.

Извор: 1ТВ

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -