Име видливо од вселената

Име видливо од вселенатаСе сеќавате како мали, кога се потпишувавте каде ќе стигнете, сакајќи да оставите трага? Па, доколку никогаш не пораснете и при тоа сте еден од најбогатите луѓе на планетава, можете да се потпишете со толку големи букви што името ќе може да ви се прочита и од вселената.

Хамад Бин Хамдан Ал Ахијан, еден од најбогатите арапски шеици и претседател на Обединетите Арапски Емирати, решил да се потпише во песокот, со букви толку големи што ќе може да се видат од вселената. Фактот што поседува остров значително му го олеснил овој подвиг.
Име видливио од вселенатаРаботниците работеле на копање на рововите неколку недели, а кога завршиле, речиси совршените букви биле високи приближно 800 метри, а должината на името преку 3 километри. Рововите се доволно длабоки за низ нив природно да протече морската вода. Прашање на време е кога токму поради водата буквите ќе се распаднат, но шеикот сигурно нема да штети пари на одржувањето.

Според Форбс, шеикот поседува преку 200 автомобили, кои ги чува во гаража во форма на огромна пирамида. Исто така, во еден период од животот, 63 годишниот арапски богаташ си изработил рекреациско возило во форма на планетата Земја, во размер од 1:1.000.000!

- Реклама -