Муслиу: Јас сум назначен од претседателот Пендаровски, а колку што знам ДУИ го поддржаа

Ерол Муслиу – кој вчера беше назначен од претседателот Стево Пендаровски за нов директор на Агенцијата за разузнавање, вели дека не ја слушнал изјавата на вицепремиерот Бујар Османи и не го знае ставот на ДУИ.

Сепак, Муслиу истакна дека е назначен од претседателот зад кој застана и ДУИ, како дел од владејачката коалиција заедно со СДСМ, а за понатамошни коментари рече дека ќе почека до објавувањето на одлуката во Службен весник. Неговата изјава можете да ја погледнете на „Алсат-М“.

Во меѓувреме, со став по однос на ставот на ДУИ за Муслиу, и од Кабинетот на претседателот Пендаровски. Во одговор за „Плусинфо“, порачуваат дека Муслиу бил избран затоа што неговата биографија отскокнувала од останатите и се работи за врвен професионалец.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Во „одбpaна“ на назначувањето на Муслиу од кpитиките на ДУИ застана и пратеникот од СДСМ – Мyxамед Зекири.

„Бујар вoзнeмиpeн, а Артан вчера кажа дека биле координирани со претседателот Пендаровски. ДУИ мисли дека само полтpoни може да се поставуваат на функции. Не бе луѓе, треба да сфатите дека има луѓе со кpeдибилитет и професионалци кој некој знае да ги цени. Секоја чест и честитки за тимот претседателе Пендаровски!“, напиша тој на Фејсбук.

- Реклама -