На 24 мај, во чест на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, традиционално Ватикан ќе го посети македонска делегација во склоп на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Овојпат делегацијата ќе ја предводи претседателот на Собранието – Талат Џафери, а дел од неа ќе биде и пратеникот Крсто Мукоски. Од тие причини, Ватикан треба да биде посебно внимателен, порачуваат од Граѓанско демократската унија (ГДУ).
Во соопштението ГДУ го честитаат празникот и најавуваат иницијатива наречена „Може поинаку, може и подобро“, која ќе има за цел наместо „козметички“ решенија да понуди вистински предлози кои како подготвителен период ќе послужат за сериозни реформи во политичкиот систем.
Како пример за актуелниот неефикасен начин на работење во државава го даваат примерот со градски советници на Њујорк и Скопје. Град Њујорк, истакнуваат, има 50 советници. Град Скопје – има 45. По таа логика, велат од ГДУ, ако Македонци го водеа градскиот Совет на Њујорк, тогаш советот ќе имаше 5.100 членови.
Целото соопштение можете да го прочитате ТУКА, или пресот да го погледнете во видеото во продолжение: