Босанскиот надбискуп – кардиналот Винко Пуљиќ, оцени дека општеството во Босна и Херцеговина сериозно боледува од таканаречениот „кукавитис“, односно постојано само кука и чека другите да му ги решат проблемите.
Во интервју за сараевскиот „Dnevni avaz“, тој вели дека е целосно срушена културата на работа и дека општеството боледува од јавното мнение дека треба што помалку да работи, а сè повеќе да има и да троши.
„Мораме со тага да констатираме дека 60% од нашите почви се необработени. Има леб, само треба да се организира животот, да се отстрани кpиминалот и да се создаде владеење на праведни закони. Во оваа земја има ‘доволно леб’, само треба да има повеќе праведност и (правна) еднаквост. Не би требало до неа да си заминуваме. Толку многу се кoлнaт дека ја сакаат оваа земја, а на секој чекор, секаде каде што можат, ја поткpaднуваат“, вели Пуљиќ.
Прашан што е решението за подобра, постабилна, понапредна Босна и Херцеговина, земја на Бошњаците, Србите и Хрватите, Пуљич вели дека „ако сакаме таа да опстане во овие свои димензии и идентитет, тогаш мора да се организира на начин што секој во неа ќе може да се чувствува и оствари како дома“.
Говорејќи за општата ситуација на Балканот, кардиналот истакна дека медиумите, во желба да бидат што поинтересни, ги пренесуваат заострените ситуации кои ја заморуваат јавноста.
„Исто така, во јавноста во меѓународните политички односи завладеа вредноста на интересите, а не човековите права и човечкото достоинство“, заклучува тој.