И Летонија даде амин за членство на Северна Македонија во НАТО

Летонскиот парламент го усвои законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Со тоа, Летонија (ака. Латвија) станува тринаесеттата земја членка која даде зелено светло за членство на нашата земја во Алијансата.

Како што соопштуваат од владејачката партија СДСМ, истовремено и Владата на Естонија го одобри протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а во наредната фаза тој ќе биде ратификуван и во Парламентот на Естонија.

„Процесот на ратификација на Протоколот се одвива со добро темпо, а откако ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО. Се остварува децениски државен и национален интерес за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Членството во НАТО покрај безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните“, велат од СДСМ.

Прочитајте и:  Бауер: НАТО сојузниците, наместо сегашните 2%, во иднина ќе треба да инвестираат близу 3% од својот БДП во одбраната

„Како одговорна, државотворна партија остануваме посветени на реализација на врвните стратешки интереси и обезбедување на сигурна, безбедна иднина за сите граѓани“, стои во соопштението.

- Реклама -